ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ има чест да Ви го претстави нашиот

 

ЈАВЕН ПОВИК

За кандидирање на членови на комисиите при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.
Комисии:
1. Комисија за здравство
2. Комисија за образование
3. Комисија за енергетика
4. Комисија за ИТ
5. Правна комисија
6. Комисија за култура
7. Комисија за спорт
8. Комисија за финансии, економија и администрација
9. Комисија за односи со невладини организации
10. Комисија за труд и социјална политика
11. Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт
12. Комисија за земјоделство, шумарство, водостопанство и животна средина
13. Комисија за односи со јавноста

За учество на конкурсот кандидатите потребно е да достават пополнета биографија и апликација
на електронската пошта (e-mail): ok-strumica@vmro-dpmne.org.mk или во просториите на
Општинскиот комитет.
Пријавувањето трае од 07.09.2026 (понеделник) до 20.09.2026 (недела).

Образецот на апликацијата може да го симнете од линкот во коментар.

Ги покануваме да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ,
визијата за развој на Република Македонија, како и оние кои се чувствуваат подготвени своето
професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата.

Изборот ќе биде направен низ транспарентна постапка, при што секој од пријавените кандидати ќе биде повикан на интервју.

 

ЈАВЕН ПОВИК КОМИСИИ

Биографија и Апликација – комисија