ВМРО-ДПМНЕ

Во денови кога на многу места од  нашата татковина беснеат пожари пред нас се исправува споменот за храброста на нашите  сограѓани.

Спомен кој потсетува на немилиот  настан  кој се случи на денешен  ден пред  12  години  и кој сведочи дека нашиот народ има свои синови кои знаат да застанат пред  секаква  сила во одбрана на својот град,  татковина  и народ.

 

Големата огнена стихија што се случи на денешен ден се закануваше на стариот дел  на градот Струмица.  Под закана беа домови и животи на луѓе.  Природните услови  и човечки фактор   покажаа  каква опасност може да биде огнeна  стихија.  Пожарот  зеде   силен замав и  за жал  одзема  дури четири  човечки  животи додека многумина  повреди  меѓу кои и деца.

Денеска се сеќаваме на храброста на нашите сограѓани и драги пријатели кои во пресметката со пожарот ги  положија своите драгоцени  животи за да ги спасат  своите  сограѓани и Струмица:

СТОЈАНОВ ПЕНО

СТОЈКОВ БЛАЖО

ЃОРГИЕВ МИТЕ

ГРКЉАНОВ ВОЈО

Современите наши симболи на  пожртвуваност  нека ни бидат водечки мотив во справувањето со сите предизвици со кои се среќаваме на патот кон нашето обединување и заедништво.

 

По тој повод делегација на Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ  и  делегација на УМС Струмица во рамките на одбележувањето  на  овој  настан  положија  свежо свеќе и се поклонија  пред нивниот Споменик подигнат во центарот на Струмица.

Вечна им слава !