За потребите на подружницата на АД Македонски Пошти во Струмица денеска пристигнаа шест нови возила, кои се дел од вкупно 100 нови возила набавени преку Владата во рамки на процесот на модернизација и унапредување на работењето на оваа значајна јавна институција.
Пред препознатливата зграда на струмичката пошта предавањето на возилата беше направено од претставниците на АД Македонски Пошти Орхан Куртиши, Николчо Угриновски и Трајче Златинов, а присутни беа и градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков, директорот на ЈПКД „Комуналец“ Кире Синдраковски и претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Методија Пасков.

Новите возила ќе придонесат за поголема ефикасност во работењето на поштенските служби, побрза достава и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите. Оваа инвестиција е дел од поширокиот план за ревитализација на институциите и јакнење на нивната функционалност, со цел јавните услуги да бидат подостапни и поефикасни.

Со конкретни проекти и вложувања во модернизацијата на јавниот сектор, Владата продолжува да создава услови за подобро функционирање на институциите и поквалитетни услуги за сите граѓани.
Македонија се развива, институциите се модернизираат, а резултатите се видливи на терен.
Македонија забрзува!

