ВМРО-ДПМНЕ

Одржана првата СРЕДБА на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Струмица

Претседателката на Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ – ОК Струмица, Пале Галева, ја одржа првата средба со членките и активистките на Унијата.

Големата присутност и активното учество се потврда за подготвеноста на жените да придонесат со своето искуство, знаење и енергија во реализацијата на заедничките цели.

Претседателката Пале Галева изрази благодарност до сите присутни за поддршката, довербата и подготвеноста за соработка, нагласувајќи ја важноста на единството, меѓусебната почит и тимската работа.

 

 

Посебен акцент беше ставен на потребата од поврзување на искуството со новите идеи, создавање можности за активно учество на секоја жена и претворање на заедничките разговори во конкретни активности и резултати.

Со јасна визија, заеднички приоритети и посветена работа, Унијата на жени продолжува да гради тим во кој секоја жена има свое место, свој глас и можност да придонесе.

Заедно, со доверба, единство и одговорност кон целите што нè обединуваат!🖤❤️