ВМРО-ДПМНЕ

Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Методија Пасков е избран за Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Одлуката донесена по предлог на Претседателот Христијан Мицкоски се заснова на доверба поради долгогодишната активност, посветеност и ангажман на Методија Пасков во партиските структури, како и доверба во неговите професионални и организациски капацитети.

Методија Пасков е дипломиран информатичар, со современ пристап кон организација, дигитализација и управување со процеси. Во својата професионална кариера има искуство во јавниот и приватниот сектор. Во моментов ја извршува функцијата Шеф на кабинет на Градоначалникот на Општина Струмица,, каде активно учествува во координацијата на локалната самоуправа, институциите и спроведувањето на јавните политики.

Во ВМРО-ДПМНЕ е активен долгогодишен член, кој ги поминал сите партиски структури – од младинските активности, преку месните комитети, до општинската организација. Неговото искуство и познавање на теренот претставуваат цврста основа за понатамошно унапредување на работата на Општинскиот комитет.

Методија Пасков е оженет и татко на две деца.

 

ВМРО-ДПМНЕ Струмица останува посветена на принципите на одговорност, единство и работа во интерес на граѓаните, со цел понатамошно јакнење на организацијата и создавање подобри услови за развој на општината и државата