ВМРО-ДПМНЕ

Директорите на државниот фонд за здравство  Сашо Клековски  и  Бранко  Аџигогов   денеска ги посетија подрачните служби во  регионот  и,  во Струмица  ја посетија  ЈЗУ  Општа  Болница  со раководниот  тим  предводен од доктор  Гоце Христов.

Струмичката Општа Болница  претставува  еден  од  најекипираните  здравствени  центри  во  земјава  и тука  во претстојниот период  се  предвидени  заложби   за унапредување   во  делот на  техничката  поддршка  и  медицинскиот кадар.   Тоа е  заклучокот од  денешната средба  даден за медиумите на прес изјава . Посебно значаен придонес  за квалитетот на  здравствените услуги  за нашите сограѓани од регионот се предностите што ги  навестува   новото  болничко крило.

Клековски и Аџигогов денеска  одговорија на редица прашања  поврзани со актуелностите во областа на подобрувањето на здравствените услуги во земјата и регионот.

Водечка идеја според  директорот Клековски е да се врати довербата на сограѓаните во системот.