ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска се одзва на хуманитарниот повик на Црвениот крст, учествувајќи во голема крводарителска акција. Со секоја дарувана капка крв, солидарно и одговорно испраќаме силна порака за заедништво и помош за оние на кои им е најпотребна.

 

 

Упатуваме огромна благодарност до сите крводарители кои несебично одвоија дел од своето време за да спасат човечки животи, како и до медицинските тимови и Црвениот крст за одличната организација.

 

 

Хуманоста нема партиска, национална или верска припадност – таа е наша заедничка должност и вредност која секогаш ќе ја негуваме.