
Во денови на тага е Струмица и Македонија.
Молк и солзи.
Знамињата се спуштени за жалост.
Цвеќе, запалени свеќи со шепот молитвен.
Жалиме за големиот број згаснати животи на 16 март во Кочани. Изразуваме сочуство на семејствата.
Поддршка и задача да се направи се’ што е потребно за повредените.
Ѓорги го познававме како прекрасно дете, драг пријател, сограѓанин, талентиран млад човек со визија, спремен со работа да создаде промени.


Неправдата боли многу!
Сите заедно да се обединиме и да се пресметаме со секој кој е дел од незаконски активности, корупција и неодговорност.
Слава им и
Вечна Памет !