Струмица слободна, слободно живее.
Секој граѓанин може да даде критика и идеја. И одговорните се спремни да ги решават проблемите и остваруват идеите на граѓаните.
Добро е речено: Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството. Неоправдано е оние кои ја злоупотребија општина Струмица во тек од 20 години сега лицемерно да глумат загрижени.
ОО СДСМ Струмица брзо ги фатило амнезија и дементно не знаат каде терат.
Не се сеќават дека нацијата ја предадоа, а општината продадоа и сега на сите нас ќе ни префрлат и цинично се потсмеват на трпението на граѓаните.
СДСМ во Струмица до тој степен веќе е распадната што загрижува. Потребна е конструктивна опозиција.
Затоа, со најдобра намера ги покануваме на Годишнина од основањето на ВМРО- ДПМНЕ.
Ќе разберат колку и како се работи и за Струмица и за Македонија.
Ќе фатат чекор со Македонија која забрзува кон иднината.

