ВМРО-ДПМНЕ

СТРУМИЦА КРЕВА ГЛАС ПРОТИВ  ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА  

 

Паниката во редовите на СДСМ и опозицијата станува јасна. Министерството за Внатрешни Работи предводено од Министерот Панче Тошковски е решено  да го расчисти криминалот до крај.  Покрај сите кочници што ги прави спрегата со корумпираниот дел од судската власт  од таквиот курс –  нема да се отстапи.  

 

Денеска во Струмица на виделина излегува уште еден од криминалите на СДСМ. Имено, СВР Струмица поднесува кривична пријава против поранешен директор на ЈПКД Комуналец Струмица.  Кривична пријава за злоупотреба на службената должност. Уште еден показател и сомнеж  дека јавните претпријатија  во Струмица  СДСМ ги користи како свое ,,гранапче’’.

 

Веќе 20 години Комуналец и другите јавни претпријатија  со своето лошо работење го отежнуват животот на струмичани. Улиците се неисчистени, парковите несредени, каналите и дрвјата остануват несредени. Редица сериозни проблеми ги измачуват струмичани.  За  овие активности во претпријатијата  нема  доволно енергија.  Но, да се биде инвентивен во примената на законите за да се фаворизира некој свој и да се дојде до некаква корист очигледно е главна идеја.

 

За сите овие години ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Општина Струмица и јавните претпријатија треба да се менаџират стручно и од кадри кои покрај својата професионалност треба да бидат најнапред  чесни.  

 

Конечно во Струмица доаѓа  време за расчистување на сите криминални активности.Време на правда и еднаквост кога секој ќе одговара за своите дела.

Одговорностa во Струмица допрва доаѓа,  особено откако  Локалната власт ќе биде преземена од ВМРО-ДПМНЕ и состојбите ќе станат сосема  јасни.