
На редовен состанок на ОК Струмица синоќа присуствуваше и се обрати господин Христијан Мицкоски Премиер на Република Македонија и Лидер на ВМРО- ДПМНЕ.
Човекот кој со визија и посветеност ја преобликува нашата држава.
Сите овие промени кои се случуват, коренитите промени во системот народот ги чуствува и затоа нашата поддршка е реална и актуелна на теренот.
Успеавме, затоа што во последните месеци главна тема во Струмица и во Македонија веќе се економски напредок, инвестиции, социјална правда и демократија!
На состанокот присутни беа и координаторот и организациониот секретар Антонио Милошоски и Марјан Ристески.
Нашиот Општински комитет вечерва заедно со нашите гости го презема најголемиот предизвик, а тоа се: Локални избори 2025 година.
Нашиот општински комитет со гордост може да каже дека сите структури и унии се целосно спремни.
По разгледувањето на актуелните состојби Општинскиот комитет определи насоки за своите понатамошни активности.