ВМРО-ДПМНЕ

Денеска во спомен на 21 годишнина од трагично загинување на Претседателот Борис Трајковски ОК ВМРО- ДПМНЕ Струмица се поклони и положи свежо цвеќе пред споменикот Македонија во Градскиот парк во Струмица.

 

 

Унијата на Жени на ВМРО- ДПМНЕ Струмица со Претседателката Евица Трајанова традиционално засади дрво во Градскиот парк. Во својата објава на социјалните мрежи Претседателот и пратеник во Собранието Жан Дрвошанов напиша: ,,Ми претставува чест што денеска се поклонивме пред еден од најголемите Струмичани, членови на ВМРО – ДПМНЕ и син на Македонија”