
Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица во врска со заканите за тужба кон Советникот Владимир Ристов од страна на градоначалникот Костадин Костадинов застанува целосно во поддршка на советникот.
Владимир Ристов со својата активност покажува како вистински се застапуват политички ставови. Оттука обидот да се замолчува здравата опозиција во петиот и последен мандат на СДС во Струмица го сметаме за очаен потег.
Наместо тужби Костадинов да одговори на редица прашања поставени од советникот Владимир Ристов како за клупите, за скапите автобуси чиј возен ред ретко кој го знае и конечно како градоначалник да најде трајно решение за питка вода за граѓаните. СДС Струмица мора да разбере дека празната реторика и неиздржаните прогони и ставови нема да им ги вратат изгубените над 5000 гласови на изборите.
Одговорноста следува!