Денеска Општинската Организација на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина организираше граѓанска крводарителска акција.

На оваа акција се приклучија и членките од Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ и дадоа свој придонес во обезбедување на крв и крвни компоненти потребни за лекување на болните и повредените.

Унијата на жени редовно учествува во сите поважни хуманитарни акции кои се дел од програмата на Организацијата на Црвениот крст.
Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ во својата годишна програма има предвидено редовни сопствени хуманитарни акции.

