На прес изјава синоќа во Струмица Потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Министер и Заменик Премиер во Владата на РМ Александар Николовски рече дека недостигат сретства што го отежнува работењето на одредени институции. Проблемот е што претходните раководства ги потрошиле парите.
Нашите граѓани треба да ја знаат вистината за состојбата во државата, додека ние секојдневно работиме и правиме сериозни напори да ги решаваме проблемите – рече Николовски.
Од говорницата на настанот во Струмица Потпретседателот Николовски објави добри вести за регионот и граѓаните. Ги најави новите инвестици на кои се работеше активно и кои ќе значат добробит за стопанството и државата. Најавен е ребаланс на Буџетот заради поддршката на Општините кои имат потреба од помош во проекти.
А пензионерите, рече Николовски, ќе го добијат покачувањето на своите пензии.