
Синоќа во Големата сала на НУЦК Антон Панов Струмица се одржа настанот со кој се одбележи 34 годишнина од работата и дејствувањето на Општинскиот Комитет Струмица.
Роденденот во големата сала на домот на култура беше одбележан со културно- уметничка програма на патриотски песни од Гала Бенд и потески колаж на Елена Достинова и професор Павле Стојанов .
Панче Стојков, во името на IT секторот на оваа свеченоста го презентираше новиот ребренд на страницата на Општинскиот комитет www.vmrodpmnestrumica.mк изработена од локалната ИТ комисија.
Гости на свечениот настан со свое обраќање пред присутните беа членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Потпретседател на Собранието на Република Македонија Антонијо Милошоски и Потпретседателот на Партијата, министер и Вицепремиер во Владата Александар Николовски.
На својата ФБ страница Претседателот на Општинскиот Комитет и Пратеник во Собранието на Република Македонија Жан Дрвошанов објави:
Најавивме многу работа, чесност, одговорност и промени кон подобро за Струмица и татковината Македонија.