ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот Комитет ја основа страницата www.vmrodpmnestrumica.mk  со цел да оствари подобар и брз контакт со своите членови, симпатизри и граѓаните. Општинскиот Комитет смета дека годината што претстои  е реална можност за работа на проблемите и потребите на граѓаните на Струмица.  Затоа страницата има можност за директно закажување на состанок преку контакт, можност да се напише конкретен проблем или да се даде идеја за решавање на проблемот.

Истовремено оваа страница е можност за директно објавување на содржини кои се однесуват не само на Општински Комитет Струмица, туку и на состојбите во Струмица и Македонија.

Општинскиот Комитет ги поканува сите заинтересирани да испраќат свои информации и содржини кои може да  бидат објавени на страницата,  кои ќе бидат  разгледувани и реализирани заедно со стручен тим и со граѓаните.