ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица на 8 јули ( Понеделник ) со почеток во 20:00 часот свечено ќе ја  одбележи 34 годишнината од основањето и работа на Комитетот во Струмица.

Во 1990 година на 8 јули Комитетот е формиран помеѓу првите три во државата.  Општинскиот Комитет со своите активности во текот на овие три децении активно учествуваше во градењето на државноста на Република Македонија и унапредувањето на Општина Струмица.

Свечениот настан ќе се одржи во Големата Сала на НУЦК Антон Панов Струмица.

На настанот се поканети сите членови, симпатизери и сограѓани.